недеља, 30. јун 2013.

Шомлои галушка (Somlói Galuskа)

Шомлои галушка  (Somlói Galuskа)
Somlói Galuskа е Унгарски популарен десерт, кој е многу обожаван не само таму, туку и во соседните земји, посебно на јогот во панонските области. Кој го пробал не останал само еднаш, ами посакал многу пати повторно да ужива во во овој вкусен десерт :) 
Од сите рецепти на нет за оваа посластица, се одлучив баш за овој, поневообицаен од повеќето-со кинење на корите, сто сметам дека му дава посебен смек и во подготвувањето и во изгледот, па дури и на вкус.


Потребно:

За бела кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
½ пак. Прашок за пециво

За црна кора:
4 јајца
4 лажици шеќер
2 лажици брашно
2 лажици какао
½ пак. Прашок за пециво

За крем:
700 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила
8 лажици шеќер
250 мл слатка павлака

За пунч:
200 гр шеќер
2 портокали
250 мл вода
10 мл рум или лажичка арома од рум

Чоколаден прелив:
150 мл вода
100 гр шеќер
200 гр чоколадо
10 мл рум или 1 лажичка арома рум

Потребо е уште:
100 гр мелени или ситно сецкани ореви
И за украсување:
Шлаг или слатка павлака (во рецептот е наведено 500 мл, но јас користев само при сервирање и верувам дека тоа е варијабилно)
Чоколадни трошки или чоколаден прелив (за над шлагот)

Подготовка:

Најпрво, се спрема кремот. Во 700 мл млеко се варат пудинзите. Се прекрива со проѕирна фолија и се остава  да се лади, за покасно, убаво оладен да се измикса со изматената слатка павлака.



Црната и белата кора се спремаат така што, најпрво цврсто се матат белките, а посебно жолчките со шеќерот, на кои подоцна се додава брашното предходно измешано со прашокот за пециво. На крај, со лажица и во еден правец се мешаат изматениот шам од белки.
 


Смесата се излива (спрема рецептот пишува калап 25х35, но мене ми се виде така многу тенко, па го печев во тркалезна тава 28) предходно намастена и обложена со пек хартија.
Се печи на 180 степени во загреана рерна, додека благо не порумени.
Кога се готови корите, откако малку ќе подизладат, се одделуваат од хартијата, па се оставаат убаво да изладат.

Додека се печат корите, можи да се спрема пунчот. Водата и шеќерот се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Се додава ситно ренданата кора од портокал и на тивок оган се остава да вари уште некои 5-7 мин. Се трга од рингла, се остава да олади, па се додава румот.



За чоколадниот прелив, најпрво се зоврива водата и шеќерот, па се додава чоколадото искршено на коцки. Се вари со мешање, додека чоколадото се растопи и малку згусти. Откако ќе излади, се додава румот.






Редење:

Најпрво се кини белата кора на ситни парчиња кои се ставаат во сад (во мојот случај, 33х22), па се преливаат со половина од пунчот, потоа половина крем, па се посипува со ореви и на крај се прелива со чоколадниот прелив. Потоа се кини црната кора и постапката се повторува.
За редењето на десертов, убаво е да се избери стаклен, проѕирен сад, за да изгледа поубаво на око кога се обликуваат неправилните слоеви




На крај можи одозгора да се стави изматена слатка павлака и чоколадни трошки и (или) прелив, но во мојот случај оставив тоа да го правам за време на сревирањето.



 Сервирање:


Десертот се служи во чинивчиња за сладолед или крем, така што се зема (црпи) со лажица. Најгоре се украсува со слатка павлака или шлаг, чоколадни трошки и (или) чоколаден прелив.




петак, 10. мај 2013.

Лебеди гурабии

Лебеди гурабии



Потребно:

  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 2 филџани шеќер
  • 1 и пол филџан масло
  • 1 филџан топло млеко
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 рендана кора од лимон
  • околу 600 гр брашно (можи и малку повеќе)

  • 1 жолчка за премачкување+1 лажичка масло
  • малку шеќер кристал за посип
1 филџан=110мл


Подготовка:


Јајцето, белката и шеќерот и ванилата најпрво со жица убаво разматете ги, па додадете го и маслото домешувајќи.
Во загреаното млеко ставете ја содата и оставете ја минутка-две да се раствори, угаси. Потоа содржината додајте ја во смесата со јајца.
Додадете ја и ренданата кора од лимон и постепено додајте го скоро целото количество брашно додека не измесите компактно тесто кое можи и по малку да лепи на раце. Многу мал дел, одприлика 50-100 грама оставете за потоа.
Оставете го тестото покриено на топло 1 час, па потоа премесете го додавајќи го и останатото брашно.
На набрашнета подлога развлечете со оклагија кора со дебелина 2-3 мм.
Со чаша вадете кругови од тестото кои ќе ги превиткувате на пола.
Секоја превиткана половина со нож засечете ја од едната страна неколку пати, така што првиот засек од рамната страна ќе е најдолг и ќе го обликува вратот и главата на лебедот кревајќи ја нагоре во благо завиткан лак, додека останатите засеци ќе ја образуваат опашката. Нив можи малку и да ги подраширите или поткрените на горе за да се разлистаат.
Лебедите наредете ги во плех со пек хартија, премачкајте ги со разматена жолчка во која сте додале 1 лажиче масло и одозгора обилно посипете ги со шеќер кристал.
Печете на 190 степени кратко време, одприлика 10 мин., па и помалку, односно, додека благо не отемнат на премачканиот дел.


Колачите како и секои други суви колачи можат да стојат подолго време зачувани во добро затворена кутија.




петак, 22. фебруар 2013.

Чоколадно задоволство

Денес, после 2 дена од мојот роденден, ви го претставувам моето роденденско


Ч о к о л а д н о   з а д о в о л с т в о 



За оваа торта потребно ви е:

За кори

3 јајца
5 лажици шеќер
3 лажици млеко
3 лажици масло
3 лажици брашно
2 лажици оризово брашно
½ пециво
2 лажици какао
1 рендана кора од портокал
(ова е за 1 кора, а ќе ви требаат 3 вакви исти)

За натопување на корите

1 шоља млеко и 3 лажици слатко какао (Несквик) 


За фил

½ литар слатка павлака
300 гр чоколадо
300 гр млечно чоколадо
+200-250 мл слатка павлака

А ќе ја направите вака:


Јајцата и шеќерот убаво изматете ги, се додека не се добие убава кремаста маса.Матејќи, лажица по лажица, додадете ги маслото и млекото.Потоа додадете ги исто така и останатите состојки.Испечете 3 вакви теста.

Половина литар слатка павлака оставете да дојди до степен на вриење, па потоа додадете ги чоколадата искршени на коцки. Подесете средно силна температура на ринглата и мешајте се додека не се хомогенизира смесата.
Тргнете од оган и оставете да олади.
Изматете јаи другата слатка павлака. 1/3 од чоколадната смеса тргнете настрана, а другата измиксирајте ја во изматената слатка павлака.






Секоја кора прво се натопува со млекото со Несквик, па се премачкува со 1/3 од чоколадната смеса и се премачкува со 1/3 од филот.
Најгорната кора се прелива со останатиот дел од чоколадната смеса, а со филот се премачкуваат страните.

Украсете ја со ролери, бони топ, чоко смоки, наполитанки, бомбончиња, шарени шеќерни трошки.





петак, 15. фебруар 2013.

Ролнички од туршија

Ролнички од туршија

Ова е една идеја за декорација на зимската трпеза, која многу привлечно изгледа, а бидејќи сме при крај со зимата и добар начин како да се искористи останатата туршија.


Ќе ви треба:
за една ролничка

  • 4 листа сторена зелка (расол)
  • 1 црвена пиперка од било кој вид туршија
  • 1 поголема кисела краставичка

Начин на спремање:

Сечете ја пиперката од едната страна и постелете ја на даската за сечење.
На едниот крај ставете ја краставичката и сролајте цврсто.


Листовите зелка убаво исцедете ги и постелете ги еден врз друг.
Ставете ја сроланата пиперка на едниот крај и цврсто сролајте. Убаво стегнете.





Со остар нож сечете ја ролничката на парчиња со дебелина колку прст.



Кукулички, Шишарки

Мојот прв рецепт на блогов одлучув да бидат Шишарките, или како ние по битолски си ги викаме Кукулички. Наш долгогодишен омилен десерт. Кој ги вкусил-ги засакал.

Кукулички-Шишарки




Потребно

  • 100 гр сусам
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 5-6 лажици мед
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 800 гр чоко попс (МБ житарки)

Подготовка

Сусамот ставете го во тенџере потпечете го на средно силен оган.

Потоа додадете го маргаринот исецкан на ситни парчиња, чоколадото искршено на коцки и сите останати работи, освен житарките.

Мешајте додека состојките не се растопат и соединат. Внимавајте да не проврие.

Во подланок сад истурете ги житарките и врз нив содржината прелив од тенџерето. Се убаво измешајте.


Земете една цедалка за лимон и со помош на мало лажиче полнете ја вдлабнатината набивајќи ја убаво. Потоа со тресок од масата извадете ја формата на Кукуличката.































Оставете ги на ладно место добро да се здрват и УЖИВАЈТЕ! 
Можат да седат затворени во кутија повеќе од една недела. Но ретко кога сум успеала да ги сочувам и неколку дена. Едноставно, не можите а да не ги изедите во најкратко време :)