Мојот прв рецепт на блогов одлучув да бидат Шишарките, или како ние по битолски си ги викаме Кукулички. Наш долгогодишен омилен десерт. Кој ги вкусил-ги засакал.
Кукулички-Шишарки
Потребно
- 100 гр сусам
- 250 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 5-6 лажици мед
- 5 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 800 гр чоко попс (МБ житарки)
Подготовка
Сусамот ставете го во тенџере потпечете го на средно силен оган.
Потоа додадете го маргаринот исецкан на ситни парчиња, чоколадото искршено на коцки и сите останати работи, освен житарките.
Мешајте додека состојките не се растопат и соединат. Внимавајте да не проврие.
Во подланок сад истурете ги житарките и врз нив содржината прелив од тенџерето. Се убаво измешајте.
Земете една цедалка за лимон и со помош на мало лажиче полнете ја вдлабнатината набивајќи ја убаво. Потоа со тресок од масата извадете ја формата на Кукуличката.
Оставете ги на ладно место добро да се здрват и УЖИВАЈТЕ!
Можат да седат затворени во кутија повеќе од една недела. Но ретко кога сум успеала да ги сочувам и неколку дена. Едноставно, не можите а да не ги изедите во најкратко време :)
Нема коментара:
Постави коментар